Штитната жлезда со облик на пеперутка која е сместена во предниот дел од вратот, може да има драматично влијание врз бројни телесни функции.

Ако сте жена над 35 години, треба особено ова да го земете во предвид, бидејќи според проценките, веќе на 35+ ризикот за пореметување на функцијата се зголемува за 30%.

Жлездата е сместена под гркланот и произведува хормони кои меѓу другото ја контролираат телесната температура, метаболизмот и работата на срцето.

Состојбата може да се влоши доколку жтитната жлезда работи премалку или премногу. Што може да влијае врз лошата работа на оваа жлезда?

Како виновници може да се јават генетиката, автоимуниот напад, бременост, стрес, недостаток на хранливи материи, токсини во околината, но експертите сè уште не се целосно сигурни.

ОБРАТЕТЕ ВНИМАНИЕ НА СЛЕДНИТЕ ЗНАЦИ:

1.Се чувствувате исцрпено

Оваа состојба може да е поврзана со најразлични причини, но постои и голема можност да биде причинета од премалку тироидни хормони, што укажува на хипотироида. Доколку сте уморни веднаш штом се разбудите, може да биде показател дека нешто не е во ред.

2.Се чувствувате мрзоволно

Чувството на тага и мрзоволност може да биде поврзано со симптоми на хипотиреоза, бидејќи во голема мера влијае врз нивото на серотонинот во мозокот (хормон на среќата).

3.Нервозни сте и нестрпливи

Потешкотиите со “чудното чувство” може да биде поврзано со хипертиреоза, кога жлездата произведува премногу хормони.

4.Апетитот и вкусот на храната се промениле

Зголемениот апетит може да биде знак за хипертиреоза, бидејќи постојано се чувствувате гладни. Успорената тироида, од друга страна, може да си поигра со вкусовите и мирисите на храната.

5.Збунети сте

Тоа може да биде причинето од ненаспаност или стареење, но когнитивните функции може да бидат на удар доколку не функционира добро штитната жлезда.

6.Срцето ви отчукува пребрзо или пресилно

Може да имате чувство како срцето да ви прескокнува или чука пребрзо и пресилно. Тоа го чувствувате во градите, глото или вратот. Ова може да биде знак за хипертиреоза.

7.Сува кожа

Се јавува при хипотиреоза: промена во изгледот и текстурата на кожата како и лупење. Ова се појавува поради успорениот метаболизам.

8.Работата на цревата е непредвидлива

Луѓето со хипотиреоза се жалат на констипација, а кога премногу работи тогаш се јавува дијареа.

9.Пореметен менструален циклус

Долготраење на менструалниот циклус со силни болки и кратено растојание помеѓу два циклуси може да биде знак за хипотиреоза. Кај хипертиреоза е обратно.

10.Болни екстремитети или мускули

Ако имате ненадејни болки во рацете, нозете, стапалата или дланките проследени со трнење или вкочанетост, би можело да биде знак на хипотиреоза. Прениското ниво на хормоните со текот на времето може да ги оштети нервите.

11.Висок крвен притисок (хипо и хипер)

Според некои проценки, лицата со хипотиреоза имаат два до трипати поголем ризик да имаат висок крвен притисок. Една теорија е дека ниското ниво на хормони ја успоруваат работата на срцето, што пак влијае врз пумпањето и флексибилноста ка крвните садови. И двете состојби предизвикуваат висок крвен притисок.

12.Пореметена регулација на телесната температура

Чувството на студ е поврзано со хипотиреоза. Успорување на системот предизвикан од успорена работа на штитната жлезда, значи дека клетките потрошиле помалку енергија. Помалку енергија значи помалку топлина.

Од друга страна, претераната активност на тироидата ги тера клетките да произведуваат енергија во петта брзина. Затоа на лицата го хипертиреоза понекогаш им е жешко и претерано се потат.

13.Засипнатост и чудно чувство во вратот

Промена во гласот или чувство на кнедла во грлото се поврзани со пореметување на штитната жлезда. Добро погледнете го вратот за да видите дали има знаци на оток на жлездата.

Со помош на огледало, посматрајте се додека голтате вода. Гледајте дали постои било какви испапчувања или израстоци во областа на тироидата, која се наоѓа под гркланот.

Ако забележите нешто сомнително, обратете се на лекар.

14.Пореметено спиење

Ако постојано сте поспани, може да станува збор за хипотиреоза. Мрзливата тироида ги успорува телесните функции.

Ако не можете да спиете, би можело да биде хипертиреоза. Претераната работа на штитната жлезда предизвикува тегоби и го забрзува пулсот, па поради тоа тешко заспивате.

15.Косата е тенка и опаѓа

Сува, кршлица коса која пука или опаѓа може да биде знак за хипотиреоза. Премалку хормони го спречува растот на влакната и фоликулите ги става во мирување. Тоа може да предизвика губиток на влакната по цело тело.

Преактивна штитна жлезда исто така лошо влијае врз влакнатоста, но само на косата.

16.Не можете да забремените

Ако подолг период без успех се обидувате да добиете дете, претерано или премалку активна штитна жлезда би можела да биде одлучувачки фактор. И двете состојби влијаат врз овулацијата, со што се нарушува плодноста.

17.Висок холестерол

Доколку високото ниво на холестерол кое не реагирало на промена во исхраната, вежбањето или лековите, може да биде поврзано со хипотиреоза. Зголемените вредности на лошиот холестерол може да бидат предизвикани од мрзливата тироида и тоа е состојба која загрижува. Нелекуваната хипотиреоза може да доведе до срцеви проблеми, вклучително проширено срце и срцев удар.