Изговорот „ме боли глава“ веќе нема важност, научно е докажано дека сексот има поволно влијание врз здравјето на човекот.
Веројатно сте слушнале за позитивните ефекти од редовниот секс за вашето здравје, како зајакнување на имуниот систем, намалување на крвниот притисок и согорувањето калории. Но, дали знаете за долгата листа на психолошки позитивни дејства од редовниот секс?
Стресот може да предизвика сериозни последици по вашето здравје, како главоболки, немирен сон, намалување на имунитетот, па дури и хронична депресија. Најновите истражувања покажуваат дека физичката и емотивната блискост со партнерот го намалува нивото на стрес и го зголемува нивото на допамин, ендорфин и окситоцин кои помагаат за зголемување на мотивацијата, чувството на исполнетост и среќа.
По оргазам, во телото се лачи хормонот пролактин што предизвикува чувство на опуштеност, што пак, придонесува за мирен сон. За време на просечен сексуален акт, мажите согоруваат околу 100 калории, а жените околу 70.
Редовниот секс ја зголемува самодовербата, како кај мажите, така и кај жените. Сексот не е само основна физичка човечка потреба, туку и битен дел од љубовта и поврзаноста меѓу партнерите.
Сексот ве прави попаметни. Самиот сексуален чин го менува хемискиот состав во мозокот и има докази дека сексот го зголемува вашиот когнитивен капацитет. Истражувањата покажале дека оргазмот кај жената ги активира сите делови од мозокот.
Сексот исто така придонесува да изгледате и да се чувствувате помладо. Едно истражување покажува дека редовниот секс придонесува и мажите и жените да изгледаат помлади за пет до седум години од нивната вистинска возраст. Младешкиот изглед придонесува да имате поголема самодоверба, да се чувствувате посреќно и да имате поголем ентузијазам за животот.