Веројатно веќе знаете дека одредени лекови не е добро дад ги комбинирано, но дали знаевте дека постојат намирници кои не смеат да се комбинираат со некои лекови. Пред да почнете со новата терапија, разговарајте со лекар или фармацевт за да ви објаснат кои намирници треба да ги одбегнувате додека земате одреден лек.

Грејпфрут

Овој цитрус го менува начинот на кој одредени ќелии во цревата го прифаќаат и пренесуваат лекот низ телото. Тој е на прво место не затоа што често се користи, туку затоа што може негативно да делува врз дејството на повеќе од 50 лекови. На некои им го ослабува, а на некои им го зголемува дејството.

Млеко

Млекото го отежнува дејството на некои антибиотици во вашето тело. Главен виновник за тоа се минералите во млекото, како магнезиум и калциум, како и протеинот казеин. Доколку земате антибиотици, информирајте се за тоа која храна и пијалоци не би смееле да ги консумирате.

Чоколадо

Оваа омилена намирница, особено темната, би можела да го ослаби дејството на лекот кој го земате за смирување или спиење, како золпидем. Исто така, чоколадото може да го зголеми дејството на одредени стимуланси како на пример метилфенидат.

Алкохол

Пијалоците кои содржат алкохол треба да се избегнуваат општо, а доколку земате лекови за срце или висок притисок, алкохолот би можел целосно да го уништи нивното дејство. Исто така, може да го зголеми дејството, над безбедносната граница, на некои други лекови и да предизвика опасни нуспојави.

Кафе

Кафето може да го намали дејството на антипсихотиците како литиум и клозапин, а може да го зголеми и предизвика нуспојави и на некои други лекови. На таа листа не наоѓаат аспирин, епинефрин (се користи за лекување сериозно алергиски реакции) и салбутамол (во облик на инхалатор за болести на дишните патишта). Исто така, кафето може да му отежне на вашиот организам да го искористи железото кое сте го внеле.

Витамин К

Доколку земате варфарин (лек кој спречува згуснување на крвни садови), водете сметка за тоа колку витамин К внесувате во организмот. Имено, витаминот К може да го направи овој лек помалку ефикасен и така ја зголемува опасноста од настанување на крвно згрутчување. Зелката, брокулата, прокељот, кељор и спанаќот е најголеми извори на овој витамин.

Гинко билоба

Некои луѓе земаат препарати со оваа билка за да го лечат или превентираат високиот крвен притисок, деменција, тинитус и бројни други состојби иако не постојат научни докази за неговата делотворност. Од друга страна, гинко може да го ослави дејството на леквоите кои ги контролираат епилептичните напади, како карбамазепин и валпроинска киселина.