Народната медицина крие заборавени одговори за многу проблеми, па така е и во овој случај. Еве како најлесно ќе се ослободите од бактериите во желудникот.
Многу луѓе имаат бактерии во желудникот, а тие можат да предизвикаат разни болести и многу тешко се лекуваат. Затоа ви го претставуваме овој одличен природен лек кој ќе ви помогне да се ослободите од овој проблем.
Смоквите во маслиново масло се најдобриот лек за бактериите во желудникот. Применете го овој природен рецепт и помогнете си на себе си!
Во една тегла ставете суви смокви и прелијте ги со маслиново масло. Смоквите можете да ги пресечете на четвртинки. Вака прелиените смокви би требало да стојат барем 40 дена. Потоа, секое утро земајте на празен стомак по една смоква. Пожелно е да земате и по една мала лажица од маслиновото масло во кое стоеле смоквите.
Ако не можете да чекате тогаш направете две тегли, па едната започнете да ја консумирате откако ќе поминат седум дена.
За лекувањето да биде побрзо и поефикасно, својата исхрана треба да ја усогласите со лекување. Јадете исклучиво варена лесна храна без премногу зачини, особено не лути. Немојте да јадете кисели намирници. Избегнувајте масно месо, а особено сувомеснати производи.
Храната подготвувајте ја на маслиново масло кое не е хемиски преработено, инвестирајте во поквалитетно масло.
Искуствата покажуваат дека комбинацијата од смокви и маслиново масло помага кај многу заболувања, на пример, неплодност, хемороиди, цревни заболувања, запек, бронхитис, астма.