Кога е во прашање здравјето, познато е дека рибиното масло има долга историја како додаток за подобрување на истото. Од неодамна суплементите од рибино масло станаа познати и по тоа дека ја подобруваат машкоста.
Според едно истражување и научниците од Харвард, Универзитетот во Копенхаген и Универзитетот во Јужна Данска, во која учествувале повеќе од 1.600 млади мажи на возраст под 19 години, открила дека оние испитаници што земале суплементи од рибино масло имаа поголем волумен на сперма, вкупен број на сперматозоиди, како и поголеми тестиси.
Со ова истражување се покажува дека овој додаток ја подобрува функцијата на тестисите. Според податоците од студијата 40 до 50 проценти од проблемите со плодноста се должат на машки фактори.