Разведени родители покренаа иницијатива за одговорност и рамноправна грижа за нивните деца. Тие бараат измени во законот за семејство, односно со него да се предвидат рамноправен број денови за да се биде со децата, државата да помогне ако родителите не успеваат да платат алиментација и да не се дозволува само едниот родител да има право да го изнесе детето надвор од државата.
Последниве години расте бројот на претставки од родители и деца оти им се крши правото за меѓусебни средби, посочија од канцаларијата на народниот првобранител. Од оваа институција велат дека децата често пати стануваат инструмент за одмазда врз другиот сопружник.
Според постоечкиот Закон за семејство, по разводот, вториот родител може да ги види своите деца или дете само 5 дена во месецот или 50 – 60 пати годишно. Последните податоци од Државниот завод за статистика покажуваат дека разводите бележат раст во споредба со склучените бракови. Но, дали навистина и колку другиот родител може да го види своето дете и тие 5-6 пати месечно е ставено под знак прашање, бидејќи институциите и покрај пишаниот збор малку потешко во пракса ги применуваат законите или ги практицираат, спроведуваат. Има голем број на родители кои поради одмазда на сопружникот/сопружничката не успеваат ни 5-6 пати годишно да го видат своето дете, каде и покрај сите пријавувања никој од надлежните ништо не сака ни да превземе.
Освен измена на овој закон треба да се случи и реална примена и строги санкции да бидат воведени за оние родители кои нема да дозволат или преку своите деца сакаат да им се осветат на партнерите или да ги казнат, бидејќи детето не е виновно за нивното разделување а за да може да порасне во здрав човек и здрава личност потребно е во својот живот да ги има покрај себе и двајцата родители без разлика на нивните разидувања, посочија загрижени родители кои со месеци не успеваат да ги видат своите деца, а со кои разговаравме.