Велика Британија го објави својот прв смртен случај на коронавирус

Во Велика Британија денеска е регистриран првиот смртен случај од коронавирус, потврдуваат светските медиуми. Станува збор за 70 годишна жена која била примена во болница во средата со одредени здравствени…

Во Велика Британија денеска е регистриран првиот смртен случај од коронавирус, потврдуваат светските медиуми. Станува збор за 70 годишна жена која била примена во болница во средата со одредени здравствени проблеми.

Жената била тестирана за коронавирус истиот ден, но резултатите пристигнале дури во четвртокот кога таа веќе била почината. Смртта кај жената настапила во раните утрински часови во четвртокот, а се претпоставува дека се сретнала со вирусот некаде во Соединетото Кралство.

Ова е прв смртен случај во Британија од коронавирус, по смртта на британскиот државјанин на 28 февруари на бродот „Дајмон Принцес“, кој се наоѓаше во карантин во близина на јапонското пристаниште Јокохама.


Related Articles