Поради новонастанатата ситуација од вчера се затворени сите стоматолошките ординации во Македонија, освен за итните случаи. Поради оваа ново настаната состојба од Здружението на приватни здравствени стоматолошки установи, каде членуваат над 200 ординации од цела држава бараат Владата под итно да оддели по 60.000 денари за установа со цел да им се помогне да можат да го пребродат овој период. Поради препораките на Владата разговорот со претседателот на Здружението го направивме преку интернет.
„Бидејќи со овие случувања и вака кревкиот финансискии момент во некои приватнии здравствени установи ќе биде преломен и ќе дојдат до работа на финансиски банкрот. Од самите тие губитоци ќе дојде до финансиски колапс на тие ординации и затоа бараме колку што е можно во рамките на можностите тиие приватни здравствени стоматолошки установи да бидат потпомогнати со 60.000 денарии“, истакна Жарко Ѓорѓиев, претседател на Здружението на приватни здравствени стоматолошки установи на Македонија.
Поради можност од ескалација на ситуацијата стоматолозите исто така бараат државата под итно да формира специјални стоматолошки тимови во секоја општина, кои ќе бидат опремени со специјална опрема и ќе бидат обучени да им дадат стоматолошки услуги на пациенти кои би биле заболени од вирусот.
„Тие пациенти кои ќе имаат потреба од стоматолошки интервенции не може да ги оставиме на немилост. Ќе има пациенти под карантин, ќе има пациенти под надзор, а ќе има и пациенти кои ќе манифестираат слични симптоми и тие пациенти не може ние да ги оставиме со забоболка, со отоци, ние мораме да интевернираме, но за тоа е потребен кадар опремен со знаење, но и со специјална опрема“, додаде Ѓорѓиев.
Приватните стоматолози побараа и Стоматолошката комора да го суспендира процесот на континуирано стручно усовршување за 2020 година како и тоа сите доктори стоматолози да добијат по 20 едукативни бодови. Ослободување од плаќање на членарина во комората, како и од ослободување од плаќање за обновување на лиценцата за работа.