Институции неможат едно дете или лице да обезбедат да живее во соодветни услови, подобро е да бидат сместени во згрижувачки семејства кои ќе ги развијат потенцијалите на децата, а лицата полесно ќе се интегрираат во општеството, истакна министерката за труд и социјални работи Мила Царовска.
Процесот е почнат пред десетина години, но не е целосно спроведен,со оваа стратегија, како што посочи министерката, треба да се создадат услови тој целосно се реализира.
„Важно е да кажеме дека оваа стратегија ќе даде ефект на искористување на потенцијалите на сите деца и лица кои ни се сместени во институциите и ќе создаде можност за превенција, но не само за лицата со пречки, не само за децата до три години за кои ние сме дале заложби и се стремиме многу брзо да излезат од институциите. Но и за лицата кои се во старечки дом, лицата со психијатриски заболувања. Сето тоа е процес кој веројатно за дваесет години ќе го видиме како целосен “ – изјави Мила Царовска.
Дури и во најдобрите домови децата имаат еден до два часа внимание и комуникација. Тоа влијае врз детето и тоа престанува да чека внимание и љубов, затоа подобрата солуција е згрижувачко семејство.
Дали и ова ќе вроди со плод или повторно е само маска да се испереме пред лицето на јавноста, ќе дознаеме набрзо, за неполн месец кога треба да се усвои националната стратегија за деинституционализација, 2018-2027 од МТСП која ќе биде предмет на расправа во собранието.