Во Русија во последните 24 часа повторно се забележани повеќе од десет илјади новозаразени со коронавирус.
Кризниот комитет соопшти дека заболеле нови 10.598 лица, што е 4,2% повеќе од претходниот ден, а од почетокот на епидемијата вкупно се заразени 262.843 лица.
Во последните 24 часа починале 113 лица, односно вкупно 2.418 од почетокот на епидемијата. Оздравеле 4.696, вкупно 58.226.
Како и претходните денови, скоро половина од новозаразените лица немале клинички симптоми на коронавирусот.
Во Москава се забележани вкупно 135.464 случаи на инфекција од вирусот, а за последните 24 часа 4.748.