Со стартот на скринингот за Ковид-19 во градинките, двајца вработени се потврдени позитивни на вирусот

Со почетокот на корона кризата во Македонија, со владина одлука градинките во земјава се затворија. Од 10 март официјално градинките ги затворија вратите, а пандемијата со Ковид-19 стартуваше во полн…

Со почетокот на корона кризата во Македонија, со владина одлука градинките во земјава се затворија. Од 10 март официјално градинките ги затворија вратите, а пандемијата со Ковид-19 стартуваше во полн ек. Се досега не се размислуваше за нивно отворање, но со предлогот за олабавување на мерките за движење, надлежните го најавија токму спротивното.

Министерот за здравство Венко Филипче неделава најави дека се работи на протоколот за згрижување на децата во градинките и оти разменуваат детали со Комисијата за заразни болести и тимот од Министерството за труд и социјална политика.

До вчера, според објавената статистика на Министерството за здравство, направени се 1340 тестови во градинките. Потврдени се двајца вработени позитивни на Ковид-19, еден во Битола и еден во Скопје.

Скринингот во градинките започна на 13 мај и со него се опфатени околу 2.000 вработени. Целта е изготвување на протоколот за работа на градинките за нивно ставање во функција.

Министерот не прецизира кога се планира отворање на градинките, но кажа дека целиот процес ќе биде искоординиран со враќањето на родителите на работа.

 


Related Articles