Се соочуваме со една нова реалност, која ни најмалку не смее и не може да биде нова нормалност како што сакаат да ја прикажат политичките гарнитури на власта. Наместо како секаде низ Европа и низ светот, бројките на новозаразени од опасниот вирус на Ковид 19 да опаѓаат, само во нашата држава рапидно од ден на ден се повеќе растат, рече претседателот на Општинскиот Комитет од Велес на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Здравковски. Во продолжение следи извадок од одржаната прес-конференција:
– Дека отсега па натаму начинот на живот и животните навики ќе мораме да ги промениме е јасно. Но, јасно од последните случувања и очајно лоши мерки е и дека здравството и Владата немаат доволно капацитет да се соочат успешно со опасноста. Потфрлија во секој поглед и одговорност за тоа мора да има.
– Не е нормално да имаме трицифрени бројки на новозаразени секој ден. Не е нормално да се превземаат мерки кои не можат и немаат никакви идеи како да ги контролираат. Не е нормално да се воведува карантин во одредени делови на Република Македонија, а притоа да се дозволи еднонасочен проток на повеќе од 25 000 автомобили и 100 000 граѓани кои потенцијално би го пренеле вирусот насекаде низ државата. Не е нормално член на политичка партија и висок функционер кој има решение за самоизолација да држи прес конференции. Не е нормално со единствена цел – стекнување на имунитет на аболицираниот Зоран Заев да ја втурнете цела држава во ризик од долгорочни здравствени проблеми, а со тоа и економската криза која следува односно паралелно оди со пандемијата.
– Многу бргу ќе се видат резултатите од епската неспособност на централната власт, како и на локалната самоуправа и политичката инструираност на институциите кои во принцип треба да одлучуваат самостојно, а не да бидат во служба на владеачкиот естаблишмент и негова продолжена рака.
Крајот на таквата селективност доаѓа и многу бргу сите ќе го посведочиме тоа.
Дотогаш, Ве замолувам сите да се придржуваме на препораките за заштита и да се однесуваме одговорно, затоа што институциите прогласија капитулација во борбата против оваа пандемија и повеќе нема кој да се грижи за нас.