Вечерва на официјалниот фејсбук профил на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, пред околу триесетина минути беше лиферувана информација за тоа дека на Институтот за Клиничка Биохемија во комплексот клиники Мајка Тереза е појавен нов кластер на опасниот и лесно пренослив Ковид-19. Клиниката е најголемата јавна здравствена установа од ваков вид во терциерната дејност во Република Македонија. Од Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека директорката на Клиничка Биохемија треба да биде во изолација, а ДСЗИ веднаш да направи увид.
– На Клиничка Биохемија во Кампус Мајка Тереза од пред 2 дена се појавувува кластер на Ковид-19. Потребно е директорката на Клиничка Биохемија да биде во изолација исто како и позитивните, наместо да го става во ризик персоналот кој што работи на Биохемија.
– Потребно е ДСЗИ да превземе мерки и да направи увид…!!!, велат од Комисијата за здравство.