Велес со енормно загадување и во лето, денеска беа измерени дури 921 ПМ честички над дозволеното

На прагот на есента граѓаните повторно се соочуваат со проблеми со аерозагадувањето. Денеска во периодот до 13 и 30 часот во општина Велес беа регистрирани 921 ПМ честички на метар…

На прагот на есента граѓаните повторно се соочуваат со проблеми со аерозагадувањето. Денеска во периодот до 13 и 30 часот во општина Велес беа регистрирани 921 ПМ честички на метар кубен, односно квалитетот на воздухот беше 18 пати поголем од дозволеното.

Велес како и Скопје, Тетово, Битола, Кичево, Гостивар и Струмица во текот на зимата беа едни од градовите во Македонија кои мака мачеа со загадениот воздух. Властите иако во минатото ветуваа решенија и мерки за справување со аерозагадувањето, сепак не успеаа да ги спуштат бројките барем во границите на нормалното. Коментарите пак по социјалните мрежи посочуваа дека се чека грејната сезона да заврши за да може да заврши и проблемот со загадениот воздух.

Скопје и неколку пати се најде на чело на листите по загаденост, а Градоначалникот Петре Шилегов заедно со Владат и по 4 години власт не изнајдоа адекватно решение за да го решат овој проблем. Беа организирани бројни протести од невладините здруженија кои беа дел и од седниците на кои се донесуваа мерките за подобрување на квалитет на воздухот, но сето тоа некако се подзаборави со крајот на грејната сезона и почетокот на летото.

Останува да видиме како властите ќе се справат со овој проблем во текот на претстојната сезона и дали граѓаните повторно ќе бидат оние на кои најмногу ќе се одрази загадениот воздух и дали повторно болниците ќе бидат полни со деца и хронично болни пациенти.


Related Articles