Доктор Марија Андоновска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва во изјава за медиумите посочи дека Македонија е држава во која невини луѓе лежат во затвор, а државата секојдневно ја тресат скандали со криминал и корупција од страна на власта.
– Луѓето трпат огромни и невидени притисоци на нивните работни места, се распределуваат, дури и се отпуштаат од работа само поради тоа што мислат поинаку од власта и ја искритикувале во некој нивни коментар на социјалните мрежи. Доста е ова, мора да престане, веднаш и сега. Нема да отстапиме и ќе се бориме заедно со граѓаните, вели Андоновска.
Андоновска е децидна дека правото мора да важи еднакво за сите, укажувајќи дека мора да се негуваат европските принципи кои се засноваат на слобода, демократија и правда.
Ние сме одлучни да ја истераме правдата до крај. Силно веруваме дека ќе успееме заедно со граѓаните да се справиме со овие неправди, против овој реваншизам кој што го трпиме и против селективната правда. Ќе ги негуваме европските принципи, а тоа е слобода, демократија и правда која што е еднаква за сите.
Андоновска, упати јасна порака до граѓаните, апелирајќи до нив да издржат пред неправдите, бидејќи како што рече ВМРО-ДПМНЕ е со секој еден граѓанин кој што е засегнат и обесправен од оваа мафијашка власт.