Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 771 тестирања, а регистрирани се 161 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-90, Куманово-11, Штип-2, Прилеп-6, Тетово-5, Велес-4, Кавадарци-2, Гостивар-15, Струмица-8, Крива Паланка-1, Радовиш-1, Кочани-3, Пробиштип-2, Берово-6, Валандово-1, Делчево-2, Кичево-2.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 154 оздравени пациенти од: Скопје-62, Куманово-6, Штип-4, Прилеп-6, Тетово-7, Струга-4, Велес-3, Битола-2, Охрид-3, Кавадарци-5, Гостивар-5, Гевгелија-2, Струмица-10, Радовиш-4, Кочани-12, Пробиштип-6, Пехчево-2, Берово-3, Валандово-4, Свети Николе-2, Кичево-2.
Починати се 12 лица, 7 пациенти од Скопје (56, 86, 71, 57, 41, 86 и 82г), пациент од Струга (67г), од Тетово (85г), од Битола (68г), од Кавадарци (56г) и пациент од Прилеп (63г). Сите пациенти се починати во болнички услови.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 61 пациент, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се 6 деца и 6 мајки позитивни на ковид-19, 2 деца и 3 мајки суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ има 2 приеми, а вкупно хоспитализирани се 47 пациенти. На респиратор се 4 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 45, а во болницата во Штип се 56 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 230, позитивни и сомнителни на Ковид-19.