Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се регистрирани 561 нови случаи на Ковид-19 од 1901 направени тестирања. Новозаболените лица се од: Скопје-271, Куманово-29, Дебар-2, Штип-19, Прилеп-33, Тетово-26, Струга-3, Велес-20, Битола-17, Охрид-11, Кавадарци-18, Гостивар-10, Гевгелија-15, Струмица-32, Крива Паланка-3, Радовиш-2, Крушево-1, Кочани-12, Пробиштип-4, Демир Хисар-1, Македонски Брод-2, Берово-8, Виница-1, Делчево-1, Кратово-3, Свети Николе-5, Кичево-6, Ресен-2 и Неготино-4.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 197 оздравени пациенти.

Починати се 22 лица и тоа седум во Скопје на возраст од 55, 78, 71, 35, 66, 71 и 64 години, еден од Куманово (57 г), двајца пациенти од Дебар (58 и 64 г), еден од Прилеп (61 г), еден од Струга (75 г), двајца пациенти од Велес (61 и 64 г ), двајца од Битола (74 и 70 г), двајца од Гостивар (79 и 76 г), двајца пациенти од Крива Паланка (56 и 88 г), еден од Кочани (60 г) и еден пациент од Делчево (81 г). Од починатите, двајца пациенти починале вон, а останатите во болнички услови.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 17 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 137 пациенти. На кислородна поддршка се 97 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се 6 деца и 8 позитивни мајки, 3 деца и 1 мајка суспектни на ковид-19. Во ГОБ „8 Септември“ има 6 приеми, а вкупно хоспитализирани се 49 пациенти. На респиратор е 1 пациент.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 57, а во болницата во Штип се 54 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија и Кавадарци се хоспитализирани 281 позитивни и сомнителни на Ковид-19“, информираат од министерството.