Со намалувањето на бројот на заболени на дневна основа, од денеска полицискиот час во државава ќе започнува од 23:00, а ќе трае до 05:00 часот. Ваквата одлука се донесе по препорака на Комисијата за заразни болести на вчерашната седница на Влада каде се донесе и одлука за работното време на угостителските објекти.
Од денеска истите ќе работат до 22:30 часот, но само на отворените делови, тераси со почитување на постојните мерки и наменските протоколи. Од ЈСП соопштија дека од денеска јавниот превоз ќе сообраќа до 23:00 часот.
Комисијата за заразни болести дополнително предложи, а Владата на седницата прифати воведување мерка за задолжителна самоизолација (карантин) во траење од 14 дена за сите домашни и странски физички лица – патници кои пристигнуваат од Индија и Бразил заради спречување на ширење на новите соеви SARS-CoV-2.
Со цел заштита на граќаните се уште остануваат во сила сите останати рестриктивни мерки.