По информациите на социјалните мрежи дека на пациентка на Гинекологија и биле пресечени цревата, наместо папочната врвца се огласи директорката на клиниката, Викторија Јовановска. Таа посочи дека информацијата е невистината, а објасни дека се работи за родилка која на клиниката дошла поради миом.

Пациентката била на возраст од 33 години и во текот на вчерашниот ден починала на Клиниката на гинекологија и акушерство. Инаку како што објаснува директорката Јовановска, станувало збор за огромен миом во мала карлица со рапиден раст во последните месеци.

-Воопшто не беше лесен случај, пациентката претходно била оперирирана од пленоктомиа, односно и била извадена слезинката. Јас од човечки побуди, токму поради брзиот раст на туморот ја внесов пациентката на операција во време кога имавме редуциран програм на Клиниката, изјави Јовановска.