До крајот на годината, Франција ќе донира околу 30 милиони дози вакцини против коронавирусот од различни производители на механизмот Ковакс, изјави денеска претседателот на таа држава Емануел Макрон.
„Ние немаме право да чуваме вакцини додека има недостиг во некои земји. Не е убаво да се започне со вакцинирање деца, а во некои земји не започна за постари и поранливи возрасни групи”, рече Макрон во видео обраќање до Самитот за здравство на Групата од 20 земји во развој, што се одржува во Рим.
Макрон додаде дека Франција, како дел од европската иницијатива, „ќе донира најмалку 30 милиони дози различни вакцини“ до крајот на годината, како дел од мултилатерализмот во вакцинацијата.
Механизмот Ковакс е воспоставен од Светската здравствена организација така што вакцините да бидат рамномерно распоредени во светот.