Германскиот министер за здравство, Јенс Шпан, изјави денеска дека делта сојот на коронавирусот кој е позаразен од останатите соеви, ќе стане доминантен во текот на летото.

– Сојот Делта ќе биде доминантен во текот на летото и во прашање се недели, а не месеци, изјави Шпан на прес-конференција.

Шпан додаде дека овој сој моментално сочинува повеќе од 15 проценти од случаите на заразени со коронавирус во Германија и дека неговото ширење ќе зависи од тоа колку луѓе се вакцинирани, како и од зачестеноста на инфекциите. Досега околу половина од населението во Германија имаат примена по една доза вакцина против Ковид-19.

Германските власти посочуваат дека супер заразниот делта сој кој е откриен во Индиа, полека се шири низ многу делови во Германија, иако досега степенот на заразеност е на најниско ниво.