Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.974 тестирања, а регистрирани се 393 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 187, Куманово – 34, Велес – 30, Штип – 21, Прилеп – 14, Охрид и Струмица – по 11, Крива Паланка – 10, Тетово и Кичево – по 8, Битола, Кавадарци и Пробиштип – по 7, Кочани – 6, Виница – 5, Гевгелија, Радовиш, Берово и Македонска Каменица – по 4, Ресен и Богданци – по 3, Кратово – 2, Делчево, Македонски Брод и Демир Хисар – по 1.
Регистрирани се 397 оздравени пациенти од: Скопје – 195, Куманово – 44, Велес – 20, Кавадарци – 19, Прилеп – 17, Штип – 13, Кочани – 11, Битола и Охрид – по 10, Кичево и Крива Паланка – по 7, Кратово – 6, Тетово и Радовиш – по 5, Виница и Валандово – по 4, Струмица, Делчево и Пробиштип – по 3, Струга, Гевгелија и Неготино – по 2, Гостивар, Богданци, Крушево, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа починале 20 лица: 9 починати лица од Скопје (52г,54г, 54г,69г,75г,80г ,81г,82г и 84г), по 2 починати лица од Куманово (82г и 86г), Струга(56г и 68г) и Велес (69г и 76г), и по едно починато лице од Кавадарци (63г), Гостивар (69г), Кичево (68г), Крива Паланка (70г) и Свети Николе (62г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 5 починати лица, со датум на смрт од 21.09.2021 до 02.10.2021 година. Регистрирани се 3 лица од Скопје и 2 лица од Тетово на возраст од 52 до 78 години. Од пријавените лица, 4 се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.
Досега во земјата се направени вкупно 1.311.162 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 193.846 бројката на оздравени пациенти е 176.278, на починати е 6.783, а бројот на активни случаи изнесува 10.785.