Директотор на Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле, Бесник Зеќири, денеска за македонските медиуми изјави дека во установата се хоспитализирани 21 дете заболено од Ковид-19. Станува збор за деца на возраст од два месеци до 16 години.
Според изјавата на директорот на установата сите деца се во добра општа состојба.
– Од заболените деца, 80 отсто се на возраст од 8 до 16 години. Две заразени деца се на кислородна поддршка, појасни д-р Зеќири.