Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 3.338 тестови, а регистрирани се 920 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 502, Битола – 54, Куманово – 48, Велес – 40, Тетово – 35, Прилеп – 31, Кавадарци – 27, Штип – 24, Кичево – 20, Струмица и Гостивар – по 18, Охрид – 16, Неготино – 14, Гевгелија – 12, Кочани – 11, Свети Николе и Крива Паланка – по 8, Струга – 7, Ресен – 5, Демир Капија, Виница и Дебар – по 4, Богданци и Кратово – по 3, Делчево – 2, Пробиштип и Радовиш – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (920), регистрирани се 119 реинфекции.

Регистрирани сe 1.190 оздравени пациенти од: Скопје – 1.039, Куманово – 47, Битола – 32, Гостивар – 16, Штип – 13, Дебар – 9, Струмица – 7, Кочани и Ресен – по 5, Радовиш – 3, Велес, Кичево, Крива Паланка и Демир Хисар – по 2, Тетово, Кавадарци, Неготино, Берово, Пробиштип и Кратово – по 1.

 

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 11 починато лице: 6 починати лица од Скопје (61г, 66г, 67г, 72г, 78г и 83г), 2 лица од Битола (66г и 88г), по едно од Охрид (91г), Струмица (77г) и Тетово (72г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Од вкупниот број на починати лица (n=11), 6 лица се целосно вакцинирани, кај 9 лица се регистрирани коморбидитети.

Досега во земјата се направени вкупно 1.846.264 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 287.016, бројот на оздравени пациенти е 267.134, на починати е 8.747, а бројот на активни случаи изнесува 11.135.