Владата троши милиони евра за непродуктивни трошоци во време на економска криза. Антикризните мерки на оваа влада се само на хартија. Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција денеска открива дека во моментов Владата изделува 8.3 милиони евра за изградба на нова административна зграда.
– Пред неколку дена велеа дека воведуваат антикризни мерки, Ковачевски се фалеше дека забранил да се купува мебел откако сите министерства купија луксузни софи и фотелји, а денес гледаме дека непродуктивните трошоци се бројат во милиони евра. Агенцијата за храна и ветеринарство објавува тендер за изградба на нова зграда од 8.3 милиони евра и отпочнува со изградба уште веднаш и плаќањето ќе оди тековно согласно сработеното односно согласно времените ситуации, објави Арсовски.
Арсовски потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ не е против на вработените да им се подобрат условите за работа, но, како што вели, во ваква економска криза „не е неопходно сега веднаш да се отпочне да се прави и да се трошат пари на тоа“.
– Дополнително дали цената е реална од 8.3 милиони евра за околу 2.600 квадрати површина или не е реална, и дали соодвествува со она кое што ќе биде изградено тоа е друга приказна и друга тема која што треба дополнително да се разговара. Овие 8.3 милиони евра можеле да во овој момент да се искористат за многу други потребни работи за граѓаните, се со цел да им се помогне да ја пребродат оваа криза.
Арсовски потсети дека Владата потрошила 2 милиони евра изминативе неколку месеци на луксуз и на непродуктивни трошоци на перење коли по министерствата, се трошело на луксузен мебел, софи, фотелји, се трошело 50.000 евра за кафиња и за се останато друго.