Кинеските медиуми известуваат дека 1,7 милиони жители во источната провинција Анхуи ќе бидат ставени во карантин. Причината се пријавените 300 нови случаи на заразени со Ковид-19 и ширење на епидемијата во некои области.
Кинескиот пристап кон вирусот е строг, со масивни кампањи за тестирање, задолжителни карантини и заклучување кога ќе се појават само неколку случаи. Двата кантони Сиксианг и провинцијата Лингби објавија заклучување што опфаќа повеќе од 1,7 милиони жители. Ним им е да забрането да ги напуштаат своите домови освен да одат на тестирање.
Јавниот радиодифузер CCTV објави снимка од празни улици во Сиксианг овој викенд и луѓе кои чекаат на ред да го направат својот шести ПЦР тест за неколку дена. Инаку кинеското Министерство за здравство денеска објави 287 нови инфекции во Анхуи, со што вкупниот број во провинцијата во последните денови достигна повеќе од илјада.