Вчера по барање на Министерот за здравство, Беким Сали, директорите на две универзитетски клиники – Клиниката за детски болести и Клиниката за радиотерапија и онкологија си поднесоа оставки.
Станува збор за д-р Аспазија Софијанова и д-р Никола Васев кои од функцијата заминале на барање на министерот за здравство, а по забелешки направени од надзорот на Фондот за здравствено осигурување, но и поради непочитување на колективните договори, пренесоа дел од македонските електронски медиуми денеска.
Денеска според информациите кои се пренесоа во јавноста од неколку електронски медиуми назначени се нови директори и тоа д-р Стојка Нацева Фуштиќ како директор на Клиниката за детски болести, а на чело на Клиниката за радиотерапија и онкологија застанува д-р Виолета Клисарова.
Од министерството за здравство се уште се чекаат официјални информации.