Во текот на оваа година ќе има покачување на платите и регулирање на дежурствата на медицинските сестри, им ветува министерот за здравство, Венко Филипче, како одговор на нивните барања за организирано остварување на своите права, Филипче додава дека со започнување со новиот модел на едукација ќе бидат опфатени сите медицински сестри, со цел професионално да се развиваат.
Но, од здружението на медицински сестри, техничари и акушери “За нас“ велат дека тие зборуваат за нешто сосема друго од тоа што го говори министерот. Според нив, прашањето за покачување на платите е тема на дискусија на надлежните синдикати, но медицинскиот персонал сега бара дозвола за формирање комора на овие професионалци.
Според неофицијалните податоци со кои располага ова здружение, во Македонија во моментов има над 7000 медицински сестри, техничари и акушери, од кои преку 3000 веќе посетуваат курс по германски јазик, со цел да си заминат надвор од земјава.
Во последната година здравствениот систем во земјава е кадровски осиромашен поради отворените врати за овој тип обучен медицински пероснал во Германија но и во други земји од Европската Унија каде што условите за работа и платите во овој секотор се значително подобри.
Не се секирајте порачуваат од јавноста, министерот излезе официјално со уште едно ветување, на секое барање, на секое прашање, на секој разговор со колеги, медицински персонал, доктори, министерот не изнаоѓа решенија за нивните проблеми и да ги реши, туку тој излегува и напаѓа со неговиот добро познат метод, ветување за сите! Нема толку колку што тие може да побараат колку што јас неможам да ветам, реализира на дело министерот Филипче.
Министерско ветување број 2832-ро.