Актуелниот министер за здравство, Фатмир Меџити, во изјава за медиумите денеска посочи дека новиот акцелератор на клиниката за Онкологија ќе проработи за три месеци. Новиот акцелератор е купен пред седум години, а се наоѓа во болницата, така што со него Онкологија ќе има на располагање четири акцелератори кои ќе бидат наменети за потребите на тешко болните пациенти.
Инсталацијата на новиот акцелератор на Клиниката за онкологија веќе трае, а ќе профункционира најдоцна во јануари. Дополнително, се работи на повторна интеграција и на КАТО-системот, но за тоа ќе се почека, појасни Меџити.
– За три месеци ќе проработи акцелераторот, а за като-системот одблизу и со претставниците на компанијата имавме неколку онлајн состаноци и тие не уверуваат дека во јуни ќе може да почне со функционирање системот. Затоа што знаете дека кога првпат почнал системот тогаш имало и кадри. Тие кадри веќе не се во клиниката, и ние веќе работиме на тоа да оспособиме кадри, рече министерот за здравство, Фатмир Меџити.