Истражувачкиот Универзитет Сент Луис ќе им плати 3.500 долари на лицата кои ќе прифатат да бидат во хотел во кој ќе бидат заразени со грип, а целта е да пронајдат универзална вакцина против грипот.
Хотелот Инфлунца ќе има 24 соби, а во него лицата ќе добијат вакцина и ќе бидат изложени на вирусот.
Меѓу нив е вирусот Х3Н2 од кој починаа голем број млади луѓе и деца, меѓу кои имало и вакцинирани.
Оние кои ќе се пријават да учествуваат во истражување, ќе мора да бидат во хотелот 10 дена и ќе имаат потполна нега и забава.
Истражувачите тврдат дека ова место е совршено за развој на универзална вакцина, која американската влада ја смета за еден од приоритетите на јавното здравје.
Секоја година вакцините се подобруваат, но и покрај тоа илјадници луѓе умираат, затоа што вакцината е ефектна само 30 проценти.
Научниците сакаат да направат вакцина која ќе делува против сите вируси на начин повеќе да не мутираат.
За жал, оваа формула не е можно да се направи пред некој да се разболи.
Половина од оние кои ќе учествуваат во студијата ќе добијат вирус на грип, а половина плацебо. Оние кои ќе довијат вирус, можеби ќе добијат неколку видови во текот на студијата. После 10 дена во карантин тие ќе си одат дома.