Сите знаеме дека цигарите се лоши за нашето здравје и за здравјето на луѓето околу нас. Ако пушите цигари, можеби конечно ќе решите да ја отстраните оваа лоша навика, сега откако ја видовте сликата и дознавте што се внесувате во вашето тело со секоја запалена цигара.

Ако сликата која што се наоѓа погоре ве исплаши, тоа е реалност. Треба да се плашите. Цигарите содржат кадмиум од батерија, бутан од запалка, метан од канализација, арсен од отрови. Исто така содржат и амонијак од сретствата за чистење на WC, метанол од ракетно гориво, хексамин од запалка за скара и стеаринска киселина од свеќа. Грозно нели?

Што ако се решите да ги оставите цигарите? Што ќе се случи со вашето здравје и тело?

Американското здружение за рак кажува дека само 20 минути после последната изгасната цигара, се намалуваат пулсот и крвниот притисок, а тоа не е се.

Две недели подоцна се подобрува циркулацијата и се зголемува капацитетот на белите дробови. После една година од престанувањето со пушење цигари се намалува ризикот од срцеви заболувања за 50%. Постојат и други промени кои веднаш ќе ги почуствувате. Храната ќе има подобар вкус, вашиот здив и косата ќе ви мирисаат поубаво, а вашите заби ќе станат побели. Нема да биде лесно, но користа е многу голема. Ќе се чувствувате и ќе изгледате многу подобро.