Лимонот е стебло од цитрусите, овошје кое доаѓа од Кина и Индија, а има голем број витамини и лековити својства.

Енергетската вредност му е 29 калории на 100 грама, има многу витамин Ц, минерали и протеини во својот состав.

Добар е за имунитет и добар метаболизам, за настинки и грип, за грлото, за отпорност на телото. Помага за висок притисок или хипертензија, за несоница, реума, астма, респираторни проблеми, за артритис.

Спречува и некои видови рак.

Може да стои и седум дена на собна температура, во ладилник и 2-3 недели. Кората е исто така богата со витамини и се употребува за различни јадења.