Ако сте љубител на чаеви и пред се ако сакате да ослабете на природен и здрав начин советуваме во својата дневна рутина да го вклучите овој напиток.
Тој се состои од две состојки, нане и ѓумбир, кој во оваа комбинација ја намалува надуеноста и врши одличен детокс на организмот. Со редовно користење ќе забележите дека килограмите се топат.
Состојки (за една шолја чај):
1 лажица сушен лист од нане
1 лажица свежо исецкан корен од ѓумбир
По избор можете да додадете 1 лажица мед.
Помешајте ги нането и ѓумбирот, а потоа прелијте ги со врела вода. По пет минути процедите го чајот.