Во Битола во 2017 година мажите најповеќе се лекувале од малигни неоплазми на простата. Лекувани се 313 случаи, кои поминале 436 болнички денови. Кај жените пак ракот на дојка зема се поголем замав, минатата година лекувани се дури 655 случаи, со вкупно 5002 болнички денови.
Најмладите пациенти биле на 20 години. Според податоците од Центарот за јавно здравје во Битола, вкупно 2059 лица биле лекувани во 2017 година. Од таму потенцираат дека ова се податоци на регистрирани заболувања, а не заболени лица.
Дали се запрашуваат властите во државата на локално ниво, а и вака државнички министерот за здравсто, зошто е ваква ситуацијата во Битола, што може да се подобри, кои се причините поради кои се случуваат волкав број на малигни заболувања? Сето ова се прашања на кои одговор треба да даде министерот, Министерството за здравство, не да се премолчува, да се молчи, ништо да не се прави, ништо да не се објаснува и за ништо да не се има интерес. До кога вака министре Филипче, до кога? – прашуваат битолчани