Многу од вас знаат дека кефирот е “еликсир на младоста и здравјето на луѓето”, и брашното од хељда има одлични лековити својства: го зајакнува телото, подмладува крвните садови, го намалува уморот, ја зголемува циркулацијата во рацете и нозете, го зголемува лачењето на урината.
Тоа е одлично за меморијата и концентрацијата (особено за постарите). Намалува притисок, артериосклероза и запек. Во комбинација со кефирот, го намалува шеќерот во крвта, чисти цревата и крвните садови, го нормализира метаболизмот и функцијата на панкреасот, го зголемува нивото на хемоглобин во крвта.
Лековита мешавина на кефир и хељда – рецепт
Состојки:
- 1 лажица хељда
- 180 мл кефир
- мед по ваша желба
Подготовка:
Лажица хељда се прелива со чаша (180мл) кефир и се меша убаво. Правете го ова во текот на ноќта и оставате го во фрижидер.
Во утринските часови, уште еднаш, се промешува и се јаде. Најдобро е оваа мешавина да се земе наместо појадок. Ако сакате, засладете со малку мед. Потоа не јадете 3 часа.
Чистењето на цревата и крвните садови треба да трае 14 дена.