Во редакцијата на Здравство.мк пристигна демант од министерството за здравство, во кое се објаснува дека МЗ, не вработува кадри по партиски влијанија и притисоци, дека кадрите кои тие ги бираат и одбираат да бидат вработени се чисто случајно, по случаен избор кандидати.
Кандидати кои се избрани од страна на МЗ, се кандидати кои ги поседуваат најдобрите квалитети за одредената позиција како и лица во високи просеци и способности.
Во тој случај МЗ, не зема во предвид дека треба да вработува кадри кои се со искуство, специјализанти, кои се со висок просек 9.3, да речеме. Сето тоа не е битно и релевантно при изборот во МЗ, демантот кој беше пуштен до нашата редакција се однесуваше на тоа дека дотичниот д-р кој е примен на одделот за пулмологија, д-р Трајче Нешковски немал просек 7.4, односно 7.5 како што се наведува во текстот од вчера туку неговиот просек бил 8.1. што во конкретниот случај не игра никаква улога, бидејќи во секој случај е помал од 9.3. Но, за секој случај еве го објавен и демантот од Министерство за здравство:
Освен тоа од МЗ, посочија и демантираа дека Трајче Нешковски не е партиски избран, со други зборови не е партиски активист и за него нема никакви дојави тој да биде избран. Целиот процес на избирање бил транспарентен како и се останато што се превзема од оваа власт, па, по примерот на владата и МЗ транспарентно без партиски притисоци го спроведува истото на истиот начин.
Нека одлучат читателите на овој текст и македонската јавност, кој е во право, „Ако Баба лаже, рог не лаже“!!!