Министерството за здравство неодамна распиша оглас за помошник раководител на сектор. Меѓу другите факултети е наведен и библиотекарство и документација. Ова отвора сомнеж дека огласот од претходно е наместен. Лекари од Клиничкиот центар револтирано реагираа до zdravstvo.mk коментирајќи дека на тоа работно место ќе биде примена актуелната секретарка на министерот за здравство Венко Филипче, која исто така била секретарка и на поранешниот министер за здравство од редовите на СДСМ Владо Димов. Според нашите лекарски извори тогаш во министерството била ангажирана со средно образование, а во меѓувреме завршила факултет за библиотекарство и дискутабилно е искуството во струката како што е наведено во еден од критериумите на огласот. Нашите извори брифираат дека со поставувањето на посочената особа на работното место помошник раководител на сектор кое е меѓу највисоките раководни места во хиерархијата на јавната администрација ќе се направи скок од неколку скалила. Се поставува и прашањето што ова лице со завршено високо образование за библиотекарство би го советувало министерот за здравство Филипче?
Инаку на огласот е наведена и и платата која изнесува 31.331 денари. Која впрочем предизвикала револт кај нашите извори бидејќи за иста плата работат доктори на Клинички.
Огласот е завршен, а редакцијата на zdravstvo.mk ке следи дали навистина посочената личност ќе биде вработена на оваа позиција бидејќи следува период на полагање на испит за државен службеник.
Останува нејасно зошто министерството за здравство на огласите за вработување не им дава можност да конкурираат лица со завршено медицина, фармација или стоматологија туку се бараат библиотекари, економисти или историчари. Дополнително според информации на zdravstvo.mk во министеството за здравство кубурат со вработени лекари, а сепак оваа иституција е одговорна за сите лекари и за целокупниот здравствен систем во Македонија.