Дали требаше граѓаните и медицинскиот кадар вработен на скопските клиники преку медиумите бурно да реагираат дека Клинички е претворен во депонија па министерството за здравство да побара помош од скопските јавни претпријатија да го исчистат комплексот. Попладнево МЗ преку соопштение се пофали дека Клинички е исчистен. Се поставува прашањето дали ова е за фалење или треба да биде обврска и редовно да се одржува хигиената на просторот околу клиниките?
Сепак денешното чистење на Клинички е краткорочно решение бидејќи дневно низ Комплексот “Мајка Тереза” поминуваат над 5000 пациенти и нивни роднини и повеќе од 2000 вработени. Очигледно корпите за отпадоци за кратко време би биле полни, а веќе подолго време никој не ја одржува хигиената во Клинички бидејќи МЗ го поништи тендерот за избор на фирма со образложение дека Клинички ќе го чисти ЈУ од областа на здравството за потребите на скопските клиники од каде пак тврдат дека немаат капацитет. И додека да се најде соодветно решение Клинички редовно ќе тоне во ѓубре!