За случајот со смртноста на 35 бебиња за период од првите три месеци годинава на Клиниката за гинекологија и акушерство во кругот на Клиничкиот центар во Скопје, премиерот Зоран Заев се надева дека одговор на оваа тема ќе дадат експерти и стручни луѓе.
Тие, вели Заев, треба да излезат и да ги кажат аргументите, да одговорат што се случуваше таму.
– Треба да излезат лекари од гинекологија, од Клиниката за детски болести и да кажат како ја прават паралелата со европските земји. Ние не сме толку далеку од просекот на Европската унија, односно од просекот на европските земји. Нешто можеби сме повеќе, но не сме толку далеку за да биде толку драматично, рече Заев.
Редакцијата на ЗДРАВСТВО.МК неможе да остане рамнодушна на ваквите изјави, бидејќи се вон сите размислувања, како татко, како родител, како човек. Тука прашање кое се наметнува е: Да не постои куќно пријателство помеѓу премиерот и директорката на ГАК дали тогаш би била таква изјавата и дали толку лесно би се застанало во одбрана на ГАК и случувањата таму?
Како и се наметнува прашањето, доколку некое дете биде искасано од куче, (што во последниот период се случува постојано, а градските власти ништо не превземаат,) зошто ако дете биде изгризано од куче во тој случај тоа бргу се заборава и ништо по тоа прашање не се прави.
Сега се починати 35 новороденчиња и тоа не е според изјавата на премиерот, нешто толку драматично. Зошто, во тој случај ако се повреди некое куче, биде истепано или му биде направено нешто друго од страна на некој граѓанин на Македонија, зошто, во таа ситуација се крева толкава медиумска фама и сите медиуми како и владата кои ги подржуваат сите слободи на изразување застануваат позади сторијата со кучето и се реагира во интерес на заштитата на секоја буба мара што дише, ЗОШТО, во тој случај сите тие не се запрашаат: ВРЕДИ ЛИ НЕШТО ПОВЕЌЕ ОД ЧОВЕЧКИОТ ЖИВОТ! Токму поради тоа и реагираме, ништо не е побитно и повредно од човечкиот живот, тоа е ставот на редакцијата.
Од една страна секој живот е вреден, од друга страна, новороденчињата се помалку важни од кучињата, од останатите? Според кој параметри и на кој калкулатор се прават овие калкулации? Јавно го поставуваме прашањето и го упатуваме до сите оние кои мислат дека смртноста на 35-те новороденчиња на ГАК, НЕ Е НЕШТО ТОЛКУ ДРАМАТИЧНО!