Дождовите и сонцето направиле тревата во дворот на Јашари да биде екстремно висока и морал кравите да ги остави на поседок во дворот на психијатриската болница Барадовци. А кај соседите тревата рај за кравите, па тргнале низ дворот на соседите. поточно низ дворото на психијатриската болница Бардовци.
Од психијатриската болница велат дека кравите многу често знаат да дојдат во дворот, реагирале неколку пати до институциите не одговор не добиле.
Кога не се одржуваат, не се чуваат болниците и здравствените капацитети што ги имаме и кога здравството е бутнато на колена, ниту оваа слика не треба да ве чуди, ниту пак нас како граѓани од Бардовци не изненади. Кога државата не функционира и се е хаос, тогаш и животните знат да препознаат и да го искористат хаосот за парче зелена трева.
Каде се надлежните институции, министерството за здравство да се огласи и произнесе по ова прашање? – прашуваат граѓаните