Во цела една година, да не се може да се најде решение на едно така важно и есенцијално прашање како хигиената и нејзиното одржување во рамките на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, тоа е стварно штета. Навистина на јавноста не и е јасно каде лежи и чива е вината, неспособноста за ваквото однесување на одговорните? Болните и пациентите барааат спас, токму на ова место, терапии, лекови, болни со критично здравје, бебиња, дечиња, инфицирани, здрави, сите овие луѓе кои го посетуваат клиничкиот центар во Скопје, што на број се помеѓу 4000 до 6000 илјади пациенти дневно се изложени на купишта отпад кој заедно со органските делови од фрлениот смет на овие високи температури забрзано се распаѓаат и се потенцијални жаришта на инфекции и зарази.

 

Сето тоа заедно со медицинскиот отпад кој лежи во близина и не се чува и санира уредно, туку може да се види по контејнерите, заедно со целиот друг смет наместо да преставува место каде болните и пациентите би биле заштитени и би им била пружена помош, напротив со ваквите услови и ваквите ситуации кои настануваат од неодржување на хигиената преставува место каде тие 4000 до 6000 илјади луѓе се изложени на болести, на инфекции и којзнае какви не работи затоа што министерот е неспособен.

Советниците се „лежи лебу да те јадам“ никој ништо не работи, а се на терет на буџетот, народните пари ги трошат, директорите на клиниките не можат да постигнат концензус да се распише тендер за нова фирма која ќе ја одржува хигиената на клиничкиот центар. Докторите и медицинскиот персонал веќе почнуваат да наоѓат заебелешки и да реагираат на насобраниот отпад. На сите им смета СМЕТОТ, само на министерот тоа му е последната обврска со клиничкиот.

Градоначалникот на град Скопје, прати една екипа да го зачисти клинички, подсобраа тоа што се можеше и тука се заврши, трајно решение нема, генерално градоначалникот и министерот за здравство ако се погледне наназад немаат дадено траен предлог, камоли решение за некаков проблем. Меѓутоа сепак јавноста и граѓаните се надеваат и мислат дека штом станува збор за најголемиот клинички центар во Македонија дека ситуацијата е поинаква, но се лажат незаинтересираноста и неспособноста за изнаоѓање решение на Филипче и Шилегов, заедно е до толку голема што решение нема да се најде да треба да се копа во ѓубре да се дојде до некоја од клиниките. Можеби после 11-12 чашка домашна или препеченица – посочуваат граѓаните, но не се надеваат на подобро.

Граѓаните незадоволни од дадените ветувања, од празните заложби, од кажано, а неисполнето, неможат да поверуваваат дека во свет може да постои клинички центар кој ќе биде за помош на пациенти и болни, а ќе биде толку валкан и затрпан со ѓубре што од него само здрав човек може болен да излезе, никако обратно.

Ѓубре од ден на ден се повеќе, Филипче, каде си? Дали Шилегов чита, дали доаѓаат до вас овие информации градоначалнику на град Скопје? Како спиете навечер знаејќи дека смрдеата и отпадот, заедно со целото насобрано ѓубре во клинички може за Македонците да направи повеќе штета со секој ден НЕГРИЖА за него?

Порака од граѓаните, доколку навистина не знаете што со проблемите и ова не е работата во која се пронаоѓате себеси, што е очигледно по бројот на дадени наспроти бројот на изреализирани ветувања, во тој случај оставка е најмалку што можете да направите за граѓаните на градот Скопје, поточно за болните и пациентите на Р. Македонија!

Погледнете ја галеријата на каков клинички налетавме една седмица по „чистењето“ од градот Скопје!