Родители пријавиле во полиција дека нивното двегодишно дете кое посетувало градинка во Штип имало модрици по целото тело.Според информациите на МВР, вчера во 15,00 часот во Секторот за внатрешни работи Штип Г.З. (23) од Штип пријавил дека на 05.07.2018 година го однел неговото двегодишно дете во детска градинка во Штип и околу 14,30 часот кога отишол да го земе забележал дека детето има повреди и веднаш реагирал кај вработените, а потоа заминал со детето во ординација за детски болести во Штип.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.