Магнезиумот е една од материите кои ни се најпотребни во организмот, затоа што процесите како нервните и мускулни функции, нивото на шеќер во крвта, метаболитичките процеси, се зависи од него. Освен тоа, влијае и на здравјето на коските.
Ова се првите знаци дека во организмот имате недостаток на магнезиум
- Зачестени грчеви
Ова е честа појава при недостаток на магнезиум. При недостаток на магнезумот, се зголемува концентрацијата на калциум во нервните клетки, што доведува до грчење и неволни контракции на екстремитетите. Оваа појава е почеста кај лицата кои се често физички активни.
- Чувствувате трнење во рацете и нозете
Магнезиумот игра важна улога во нервните и мускулни функции на организмот, па неговиот недостаток може да доведе до тапо или чуство на трнење во рацете и нозете.
- Имате чувство дека ќе се разболите
Симптомите како малаксаност, поспаност, мучнина и генерална слабост на организмот, не мора секогаш да значат дека сте на работ на прелада. Многу често, ова се симптоми на недостаток на магнезиум, па би било подобро во тој случај да се консултирате со лекар, доколку не се чувствувате подобро по неколку дена.
- Чести промени на расположението и концентрацијата
Ова може да биде еден од првите знаци дека на вашиот организам му недостасуваат витамини и минерали. Зголемената анксиозност предизвикана од недостаток на магнезиум може да доведе до појава на депресија, па во вакви случаи е неопходно да се јавите на лекар.
- Срцето ви чука со неправилен ритам и побргу од вообичаеното
Недостатокот на магнезиум со себе повлекува и недостаток на калиум, што може да доведе до неправилни контракции на мускулите на вашето срце. Доколку забележите дека срцевиот ритам ви се променил, консултирајте се со лекар.
- Појава на констипација
Магнезиумот е многу важен во метаболитичките процеси, затоа што пружа лаксативен ефект, па така појавата на тврда столица може да значи негов недостаток во исхраната. Доколку имате слични проблеми, би требало да го проверите нивото на магнезиум во организмот.
- Изненадни напади, а не патите од болести кои можат да ги предизвикаат
Овој симптом значи сериозно пореметување на нивото на магнезиум во организмот. Нивото на магнезиумот во телото е тесно поврзан со нашите нервни клетки, па така недостатокот може да доведе до појава на напади. Во случај да ви се случи напад, а не патите од болести како епилепсија, итно јавете се на лекар.
Жените би требало да внесуваат околу 280 до 300 милиграми магнезиум на ден (бремените од 350 до 360), додека препорачано дневно внесување за мажите е од 270 до 400 милиграми магнезиум.
Лекарите препорачуваат со сумплементите магнезиум да се земаат и витамините Б комплекс, затоа што влијаат на подобра апсорпција на магнезиумот во организмт.