Која намирница ги смирува изгорениците подобро од киселото млеко?

Станува збор за природно анти-воспалително средство кое ја затегнува кожата за да ја заштити. Кога ќе се примени на изгореници од сонце,  делува смирувачки на кожата и ја ублажува болката….

Станува збор за природно анти-воспалително средство кое ја затегнува кожата за да ја заштити. Кога ќе се примени на изгореници од сонце,  делува смирувачки на кожата и ја ублажува болката.

Витамините и минералите во јаболковиот оцет помагаат, кожата повторно да добие хранливи материи, и на тој начин се забрзува заздравувањето.

Оцетната киселина, исто така го намалува јадежот и воспалението кои произлегуваат од изгорениците.

Ја извлекува топлината од изгорениците и ги отстранува штетните бактерии од површината на кожата, овозможува на кожата да се врати pH рамнотежата нарушена од сушењето.

Користење на јаболковиот оцет

Пред самата употреба, важно е да го разредите. Имено, неразредениот јаболков оцет може да предизвика дополнителни изгореници на кожата.

Затоа, ви пренесуваме два едноставни начини како да направите облоги кои ќе ги ублажат изгорениците.

1. Една до две чаши јаболков оцет вметнете во ладна купка и седете во неа 15 до 30 минути.

2. Ако немате када, измешајте половина литар ладна вода и половина чаша јаболков оцет. Во смесата натопете памучна крпа и со неа покријте ги изгорените делови од телото. Оставете крпата да делува околу 15 минути и повторете го процесот. По двата третмани, исплакнете ја кожата со постудена вода.


Related Articles