Министерството за здравство чека да завршат роковите за жалба во однос на тендерот за реагенси што беше поништен. За да може да се пушти наново тендерот пак. Прв тендер, втор обид за местење и се така додека тендерот не се намести успешно, зар не министре?

„Во петок ќе ја донесеме одлуката за прекинување и после тоа веднаш ќе видиме на кој начин ќе продолжиме понатаму“ – изјави министерот за здравство Венко Филипче на прашањето кога ќе биде распишан нов тендер.

 

Тендерот тежок 35 милиони евра беше поништен откако се обелодени дека само една фирма формирана пред 4 месеци се јавила како понудувач, што пак предизвика сомнежи и реакции во јавностата, иако филипче тврдеше дека поништувањето е поради нецелосно доставена документација од страна на економскиот оператор.