Во здравството се случува невиден хаос. Секојдневно деца умираат од ретки болести, или пак новороденчиња, а никој не поднесува одговорност за тоа. Сега жртви на ова хаотично здравство се децата кои чекаат хормон за раст.
Неофицијално, за терапија чекаат најмалку 60 деца. Лекарите чекаат некое дете да биде исклучено од терапија за да може да ја прима друго. -Ова е дискриминација бидејќи на децата со вакво заболување им се одзема правото на лекување. Овие деца ако не се лекуваат имаат зголемена појава на срцеви заболувања, депресии, зголемена тежина, мозочни удари.Одговорност од министерот кој секојдневно се слика по клиниките и дава празни ветувања нема, а пак најмалку и од директорот на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев, велат извори за Здравство.мк.
Дончев дури и излезе со изјава дека „вистинското место за лобирање не е само фондот, туку и соодветните клиники. Да се најде начин да се одвои поголем дел од средствата за потребите на децата во сегментот на наменски набавки на одредени лекови и хормони“. Се додека вината си ја префрлаат Дончев и Филипче, многу дечиња страдаат чекајќи го овој хормон.