Вознемирени сте

Може да станете нервозни од премногу кафе, бидејќи кофеинот го стимулира средишниот нервен систем додека истовремено го покачува нивото на адреналин, допамин и глутамин. Оваа комбинација може да доведе до тегоби, нервоза, забрзано срцебиење и раздразливост, па дури и лутина.

Енергијата ви паѓа во текот на денот

Кафето може многу брзо да ве разбуди и да ви даде многу енергија, но кога ќе се потроши таа енергија ќе дојде силен пад. Некои истражувања покажале и како кофеинот може да ја уништи продуктивноста, што доведува до одбегнување на работните обврски.

Често одите во тоалет

Кофеинот е диуретик што значи дека по пиењето кафе почесто ќе уринирате, особено ако не пиете кафе толку често. Иако истражувањата покажуваат дека не можете да дехидрирате од кафе, вистина е дека ако не пиете доволно вода, вашето тело нема да биде доволно хидрирано.

Распоредот на спиење ви е нарушен

Експертите се согласуваат дека кафето може да го наруши сонот и да го намали неговиот квалитет, како и неговото траење. Дури и да пиете кафе 6 часа пред спиење, може да ви се случи да не заспиете навечер. Кафето исто така може да го наруши дневниот ритам на вашиот организам, поради што ќе се чувствувате многу уморно и забавено во текот на денот.