Република Македонија е рангирана за најзагадената земја во Европа со загадување на воздухот 10 пати повеќе од препорачаните нивоа. Тоа е според Европската агенција за животна средина.
Според нашите мерни станици јавноста нема информации, бидејќи истите се исклучени без да се образложи зошто. Токму во најзагадените општини немаме информација колку се движи загадувањето. А, одговорност за тоа и одговор нема од самото министерство, тие си ја префрлаат топката со локалната власт. Иако знаеме дека токму одговорноста ја има самото министерство за заштита на животна средина.
Тие посочуваат дека токму загадувањето е енормно поради големиот сообраќај и употребата на печки за греење.
Додека болниците но и детските клиники се полнат со пациенти, кај кои се јавува респираторни заболувања, Владата пред неколку дена се освести и најави дека ќе преземе според аналитичарите доста амбициозна цел за подобрување на квалитетот на воздухот за 50% во рок од две години.
Додека Владата зема голем залак за кој и самата не е сигурна дека ќе го исполни, граѓаните ќе бидат оставени сами на себе и ќе се гушат во загаден воздух не знаејќи ни колку самиот воздух е загаден.