Зоран Заев, Венко Филипче, политичарот Караџовски, односно Комисијата за заразни болести и членовите веќе не знаат каде тераат и загубија компас, односно се што прават, прават во афектна состојба. Во моментов гледаме дека носат мерки за три дена да има полициски час, да бидат граѓаните затворени дома, а гледаме дека на улиците делат флаери каде што директно допринесуваат да се шири заразата, токму луѓето од власта кои практично веднаш после тоа отидоа и во самоизолација, а дел од нив се покажаа и како позитивни на корона вирусот, реагира портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
Тој одговарајќи на новинарско прашање „Кој е вашиот коментар за мерките на владата за полицискиот час односно ограничување на движењето на граѓаните за време на викендот?“ рече:
„Додека се заразуваат луѓе, а некои од нив и умираат, во тие моменти наместо државата и власта да се стремат да ја решат ситуацијата, да ја намалат оваа пандемија, Зоран Заев вели дека треба да се оди на избори, а следствено на тоа како што вели дека треба да се оди на избори практично сака да ги дозарази и да направи уште поголема штета со оние граѓани кои цело време изминатиов период ги почитуваат мерките и се чуваат. Во моментов изгубија компас и гледаме дека воведуваат полициски час во Скопје и во други општини низ Македонија, а на пример не воведуваат полициски час во Велес, Крива Паланка или било кој друг град. Очигледно е дека е загубен компасот и дека не ја сфаќаме поентата на овие мерки кои што ги носат. Она што можеме да го искоментираме е дека наместо да се фокусира власта од страна на Венко Филипче, Зоран Заев па и политичарот во обид Караџовски, кој што е партиски на позицијата претседател на Комисијата за заразни болести во кризниот штаб, гледаме дека денеска има експлозија на новозаразени. Денеска достигнуваме втор пик во моменти кога не стигнал ниту првиот, гледаме дека има над 120 заразени, изминативе денови исто беше енормно голема, можеби за една недела ќе имаме за само неколку дена над 1000 заразени вкупно изминатава недела, така да уште еднаш се гледа дека на Зоран Заев, Венко Филипче и Караџовски им е битна единствено фотељата и ништо друго. Затоа еден апел до граѓаните да ги почитуваат неопходните мерки и да се чуваат самите, бидејќи оваа влада нема компас и не знае кај тера, затоа сигурно оваа влада не може да ги заштити граѓаните“.