Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 5.959 тестирања, а регистрирани се 325 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 101, Тетово – 95, Гостивар – 43, Куманово – 26, Струга – 10, Охрид, Дебар и Кичево – по 7, Прилеп, Кочани и Македонски Брод – по 4, Струмица, Радовиш и Пехчево – по 3, Кавадарци и Штип – по 2, Битола, Велес, Берово и Виница – по 1.
Регистрирани се 11 оздравени пациенти од: Скопје – 6, Куманово – 2, Тетово, Гостивар и Валандово – по 1.
Пријавено е едно починато лице од Битола (55г), починато во болнички услови.
Направени се 5.959 тестови преку: ИЈЗ-124, ЦЈЗ Скопје-55, ЦЈЗ Битола-100, ЦЈЗ Прилеп-50, ЦЈЗ Тетово–67, ЦЈЗ Куманово–68, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-3, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 5, ГОБ 8-ми Септември-10, Институт за микробиологија–22, Жан Митрев (Филип Втори)-115, Авицена-502, Биотек-329, Систина-72, лабораторија Лаор-763, Синлаб-66, Ремедика-10, Плодност–44, Генеа–1, Никоб лаб-993, ВФВ Медикал-57, Ели Медика-23, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.480.
Досега во земјата се направени вкупно 1.005.162 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 157.251 бројката на оздравени пациенти е 150.481, на починати е 5.502, а бројот на активни случаи изнесува 1.268.